ВИДЕО | Реми на Колумбија и Бразил во дербито на Копа Америка, натпреварот го одбележаа спорни ситуации

Фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Репрезентацијата на Колумбија одигра 1:1 во дербито против Бразил на Копа Америка и така ја задржа првата позиција.

Бразил и Колумбија одиграа возбудлив натпревар во кој покрај двата гола видовме и некои спортни ситуации. „Кариоките“ први стигнаа до водство со голот на Рафиња по 12 минути игра.

Израмнувањето стигна во судиското продолжение кога Кордоба по асистенција на Муњоз реализираше за 1:1. Но, пред голот на Муњоз видовме и една ситуација во која ВАР-собата поради цртање погрешни линии поништи регуларен гол на Колумбијците. Во таа ситуација се гледаше ногата на Кордоба, место на Девисон Санчез кој не беше во офсајд и кој ја погоди мрежата.

Второто полувреме донесе по некоја шанса, меѓутоа мрежите мируваа. Видовме и уште една спорна ситуација во која сега Бразил не доби пенал по прекршок над Винисиус Жуниор во шеснаесетникот.

Во вториот натпревар кој се играше во истиот термин Костарика со 2:1 го совлада Парагвај.

Ова беа и последни натпревари од групната фаза, а сега следи четвртфиналето.

ПАРОВИ ЗА ЧЕТВРТФИНАЛЕТО:

Аргентина – Еквадор
Венецуела – Канада
Уругвај – Бразил
Колумбија – Панама

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот