ВИДЕО | Ред Бул го претстави специјалниот изглед на болидите за трката на „Силверстоун“

Фото: Red Bull Racing

Макс Ферстапен и Серхио Перез од редовите на Ред Бул ќе настапат со посебни болиди во трката за Големата награда на Велика Британија.

Денеска Ред Бул на социјалните мрежи го потврди изгледот објавувајќи видео од фарбањето на болидот за трката која ќе се одржи во викендот кој следи.

Претходно Ред Бул најави дека сезонава болидот ќе претрпи три промени и сите ќе бидат инспирирани од фановите. Првата ќе биде на популарната патека „Силверстоун“, која пред 74 години беше домаќин на првата трка во историјата на Формула 1.

Преостанатите две промени ќе бидат во Сингапур и САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот