ВИДЕО | Речица: Без да бидат отворени кон граѓаните и истражувањата, пратениците нема да можат да аргументираат зошто гласаат за одреден закон

Квалитетот на дебатата во Собранието доби средна оценка 5,5 во Извештајот на Институтот за демократија од Скопје за периодот од 4 август до 31 декември 2020 година.

-Извештајот го потврдува ниското ниво на квалитетот на дебатата во Собранието во последните две години и заклучокот дека постои значителен простор за подобрување, соопштија денеска од Институтот за демократија, кои од јуни 2014 година го следат квалитетот на дебатата во Собранието и работата на Собранието генерално.

Од јануари 2020 година почна четвртиот циклус на мониторинг, во рамки на Програмата за парламентарна поддршка (ПСП), која се спроведува во партнерство со Националниот демократски институт (НДИ) и Центарот за управување со промени (ЦУП). Мониторингот се фокусира на дискусиите кои се однесуваат на точки од собранискиот дневен ред кои спаѓаат во областите на владеење на право, човековите права и демократија.

-На скала од 1-најнизок до 10-највисок, средната оценка на квалитетот на дебатата во Собранието е 5.5 и е пониска во споредба со претходните периоди на набљудување, за кои оценката за квалитетот на дебатата се движеше од 6.0 до 6.3. За разлика од минатите периоди квалитетот на дебата во Собранието не ја добива минималната потребна оценка (6.0) за да се именува како дебата, стои во Извештајот.

„Има подобрување. За разлика од минатата година овие пратеници се многу поотворени за дискусија со институтите и истражувачките центри. Целта на истражувањето е да се презентира и на пратениците. Очекуваме да имаме мешан состав од повеќе политички партии“, изјави во Утрински брифинг Влора Речица, истражувач.

„Мора пратениците да бидат поотворени кон граѓаните и нивните мислења, но мора да бидат поотворени и кон истражувањата и на тоа што законите носат за граѓаните. Без да бидат отворени кон граѓаните и кон истражувањата пратениците нема да можат да добро да аргументираат зошто гласаат за одреден закон. Институтот за демократија се спрема да направи анкета за 2021 година, па се надеваме дека отвореноста на собранието ќе биде на повисоко ниво“, додава Речица.

Проследете го целиот разговор во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот