ВИДЕО | Рецепт за гемиста, најомилениот грчки ручек

Фото: Принтскрин/Јутјуб/Fresh Piato

Грчката кујна е прекрасна, а многу рецепти од тој крај се прават низ целиот свет. Гемиста, разновиден полнет зеленчук со ориз, е еден од нејомилените специјалитети кај нив.

Зачувајте го рецептот за омилениот ручек на Грците, идеален е за сите пригоди!

Состојки:

– 3 домати
– 3 пиперки
– 3 модри патлиџани
– 3 компири
– 300 грама бел ориз
– 1 кромид
– 1 морков
– 50 грама пињола
– 50 грама суво грозје
– 1 чаша сок од домати
– сечкан свеж магдонос и мирудија по вкус
– сол, бибер, зачинал, малку шеќер
– маслиново масло

Подготовка:

Измијте го целиот зеленчук, подгответе ги пиперките за полнење, со лажица издлабете ги доматите и модрите патлиџани и задржете ја внатрешноста за полнењето односно филот, а врвот од пиперките и доматите чувајте ги за да го покрие зеленчукот пред печење. Излупете ги и исечете ги компирите, наредете го тепсијата зеленчукот за полнење, пополнете ги празнините со компири, посипете малку сол и шеќер за да ги ослободи зеленчукот своите сокови.

Преминуваме на смесата за полнење. На маслиново масло пропржете го ситно сечканиот кромид. Морковот и внатрешноста на модриот патлиџан иситнете ги во блендер, па и тоа додадете го во тавата и динстајте неколку минути. Додадете ги оризот, пињолите и сувото грозје. Во блендер изблендирајте ја внатрешноста на доматот и чашата сок од домати. Половина од оваа смеса додадете ја во филот за полнење, а половина оставете ја за крај. Во тавата додадете и чаша вода, зачините и варете на тивок оган неколку минути додека оризот не омекне. Тргнете го од оган и посипете со свежи зачински билки.

Зеленчукот наполнете го со смесата од ориз. На крајот, во преостанатиот сос од домати додадете маслиново масло и со ова прелијте го целиот зеленчук и добро посолете.

Печете во рерна на 200 степени, покриено со алуминиумска фолија првиот половина час, а потоа уште еден час додека јадењето добро да порумени.

Гемиста послужете ја со свеж леб, а за оние што не постат, одлично оди со фета-сирење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот