ВИДЕО | Раскошен живот на една жена во Дубаи: Сопругот ѝ купил остров од 50 милиони долари за да може на мир да носи бикини

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Жена од Дубаи тврди дека нејзиниот сопруг кој е милионер ѝ купил приватен остров и тоа само за да се чувствува безбедно на плажа. Имено, Соуди Ал Надак (26) која патем е и инфлуенсерка, на својот Инстаграм сподели видео од својот приватен остров.

Во видеото стои натпис: „ПОВ: Сакаш да облечеш бикини, па сопругот милионер ти купува остров“.

Оваа Британка е сопруга на бизнисменот од Дубаи, Џамал ​​Ал Надак и се опишува себеси како „домаќинка со полно работно време“. Како што открива тој, се запознале додека студирале во Дубаи и се во брак повеќе од три години.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Освен тоа, оваа богата домаќинка е позната и како „влијателна личност“ – поради бројот на следбеници што ги има на своите профили на Инстаграм и ТикТок, каде го покажува својот раскошен начин на живот. Како на пример, во само едно видео, двојката купува дијамантски прстен вреден милион долари и инвестира уште два милиони долари во уметнички дела – сето тоа за еден ден.

Видеото на Соуди Ал Надак во кое таа тврди дека нејзиниот сопруг ѝ купил цел остров стана вирално на Инстаграм, собрајќи над 2,4 милиони прегледи за помалку од една недела. Во интервју за „ХТ.ком“, инфлуенсерката од Дубаи изјавила дека таа и нејзиниот сопруг планирале да го купат островот како инвестиција.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

– Тоа беше нешто што сакавме да го направиме извесно време како инвестициска стратегија и мојот сопруг сака да се чувствувам безбедно на плажа, па затоа и купи – рече таа.

Сауди одби да ја открие точната локација на островот поради приватност и безбедност, но рече дека нејзиниот сопруг Џамал ​​издвоил огромни 50 милиони долари за имотот.

– Од причини на приватност не ја споделуваме точната локација, но таа е во Азија и чини 50 милиони долари – објаснила таа, а дел од островот може да се види во нејзиното видео.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Инаку, таа привлекува и големо негативно внимание на мрежите, бидејќи често ја обвинуваат дека премногу се „фали“. Нејзините профили се полни со фотографии и видеа на кои се прикажани гламурозни одмори во странство, луксузни вечери, пазарење во дизајнерски бутици и други различни погледи на нејзиниот привилегиран начин на живот.

Нејзиното видео за приватниот остров, исто така, предизвика негативни реакции, при што некои следбеници дури се сомневаат во автентичноста на нејзините тврдења.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот