ВИДЕО | Напаѓач пукал во поранешниот турски репрезентативец Серхат Акин

фото: EPA PHOTO EPA/KERIM OKTEN/ko-fob

Ужасна вест вчера ја потресе Турција, но и целиот фудбалски свет – поранешниот фудбалер на Фенербахче, Серхат Акин, беше застрелан во четвртокот откако се појави на телевизија пред натпреварите во Лига Европа.

Фенербахче на домашен терен го пречека Ројал Унион, а Акин беше гостин во студиото. По гостувањето, на паркингот пред телевизијата, маскиран напаѓач му пришол на поранешниот фудбалер и го застрелал.

Акин на социјалните мрежи сподели фотографија со раскрвавена нога и напиша:

– Ми пукаа во нога и ми рекоа „нашиот последен збор ни е Фенербахче“.

Нападот веќе го осудија Фенербахче, Фудбалскиот сојуз на Турција, како и Андерлехт за кој настапуваше и тој.

Денес се појави и снимка од безбедносни камери, на која се гледа целиот напад врз Акин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот