ВИДЕО | Принцот Вилијам танцуваа и пее на концерт на Тејлор Свифт

Фото: Инстаграм/Принцот и принцезата од Велс

Тејлор Свифт го започна лондонскиот дел од нејзината турнеја „Ерас“ на распродадениот стадион Вембли во петокот вечерта, а на концертот присуствуваше и принцот Вилијам.

Тој беше со своите деца, принцезата Шарлот и принцот Џорџ, што беше овековечено на специјални фотографии на музичката ѕвезда со членовите на британското кралско семејство. Но и видеата на кои принцот од Велс танцува на песната на познатата пејачка „Shake It Off“. Најмалото дете на принцезата и принцот од Велс, принцот Луис, остана дома со Кејт Мидлтон, која вчера објави одлична семејна фотографија за да го прослави 42-от роденден на својот сопруг.

На снимката од самиот концерт јасно се гледа како Вилијам во еден момент ужива во ритамот на песната на Тејлор „Shake it Off“, како што можете да видите, принцот Вилијам е прилично опуштен, и покрај сите проблеми со кои се соочува кралското семејство, вклучувајќи ја и болеста на неговата сопруга, но и на неговиот татко, кралот Чарлс.

@kkinldn Shake it off Prince William #princewilliam #erastourtaylorswift #erastour #whiteclawuk ♬ original sound – KK

„Ова е мојата омилена работа досега!!! Не знаев дека морам да го видам принцот Вилијам како танцува на музиката на Тејлор Свифт!“, „Принцот Вилијам е Свифти. Одличен „танц танц“, беа коментарите за танцувачките вештини принцот Вилијам.

Недолго потоа, беше споделено селфито на Тејлор Свифт и членовите на кралското семејство – принцот Вилијам, принцезата Шарлот и принцот Џорџ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот