ВИДЕО | Принцот Чарлс бил фасциниран од Барбра Стрејсенд: Пејачката добила букет цвеќе од неговата градина

Фото: Profimedia

Принцот Чарлс неодамна откри дека во младоста бил фасциниран од Барбра Стрејсенд, а славната пејачка му возрастила на комплиментите, откривајќи некои детали од нивното долгогодишно пријателство.

Потсетувајќи се во  разговорот со британскиот водител Рос Кинг за младоста и средбата со принцот Чарлс, пејачката Барбра Стрејсенд изјавила: „Беше толку слатко“. Тоа беше во 1974 година во Сан Диего, каде што снимала во студиото, а принцот Чарлс имал 26 години и служел во Кралската морнарица.

Тој побара да ме запознае, па дојде во музичкото студио. Му понудив чај и помислив: „Дали требаше да провери дали сум му турила отров?“ Од тој момент, ние станавме пријатели и јас сакав да ги минувам деновите во Хајгроу, шетајќи низ неговите градини, се сеќава Барбра , додавајќи дека веќе некое време престојувала во хотел во Лондон.

Потоа забележав свежо берено цвеќе на масата во хотелската соба на нејзината асистентка. „Ја прашав кој ми го испратил и таа ми одговори, обожавател по име Чарлс. Ја замолив да ми ја покаже пораката на цвеќето и таму беше неговиот потпис. Знаев дека не се од продавница за цвеќиња, туку од неговите градини, открила 79-годишната пејачка, надополнувајќи како сето тоа се случило во време кога Чарлс се уште не ја запознал Дијана .

„Кога ќе дојдеше на мој концерт, јас на шега му велев од сцената:„ Знаеш, да го изграв ова добро, можев да бидам првата еврејска принцеза“, како шега дополнилила Барбра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот