ВИДЕО | Претседателот на Хаити стана вирален хит, пиеше вода од голем бокал на говорница на ОН

Претседателот на Хаити пиеше од бокал во ООН/Фото: Скриншот

Претседателот на Хаити, Енгарде Лебланк Филс, неочекувано стана вирален на интернет по смешниот потег за време на неговиот говор на Генералното собрание на Обединетите нации. Додека се обидуваше да упати искрена молба до земјите да соработуваат и да ја поддржат мировната мисија за неговата земја, претседателот се обиде да пие вода не од чаша, туку од огромен бокал, на крајот истурајќи ја водата насекаде.

Привремениот претседател на Хаити упатил страсна молба за „глобална солидарност“ за време на неговото обраќање пред Генералното собрание на Обединетите нации минатиот четврток. Тој, исто така, го поддржа предлогот на тимот Бајден за официјална мировна мисија на ОН за решавање на главните проблеми во неговата земја, како што е насилството од бандите што доведува до масовна имиграција, меѓу другите прашања.

Меѓутоа, за време на сесијата, додека одговарал на прашање, го грабнал бокалот со вода за да пие, наместо да го истури во чашата. Ова резултираше со тоа што тој ја истури водата на рацете и облеката, пред набрзина да го спушти бокалот. Иако станува збор за едноставна човечка грешка, инцидентот стана материјал за мемиња на социјалните мрежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот