(ВИДЕО) Пожар од големи размери во Курск: Гори Централната воздухопловна техничка база

Голем пожар избувна во рускиот град Курск, а од различни делови на градот се забележува издигање на густ црн чад.

Украинските истражувачи идентификуваа дека гори централна воздухопловна техничка база.

Првите извештаи за голем пожар во центарот на рускиот град Курск беа објавени во локалните медиуми по 10 часот.

Русите почнаа да објавуваат фотографии и видеа од различни делови на градот на кои се гледа како се крева црн чад.

Пожарот подоцна го потврди Алексеј Смирнов, вршител на должноста гувернер на областа Курск.

Тој изјави дека во гаснењето на пожарот учествувале 60 вработени во руското Министерство за вонредни ситуации и 10 единици со специјална опрема.

Локалните власти официјално не известија што го предизвикало пожарот. Само наведуваат дека нема информации за жртви.

Вчера, како резултат на масовниот напад со беспилотни летала врз постројките на електричната мрежа на рускиот град Белгород, дел од регионот останува без електрична енергија.

Според очевидци, беспилотните летала го нападнале просторот каде што се наоѓаат трафостаниците кај селото Незнамово околу 2 часот по полноќ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот