ВИДЕО: Потоп во Преспа, град направи пустош во Сливница

Град со големина на орев во Сливница/Фото: Слободен печат

Попладнево силно невреме го зафати преспанскиот регион. Туристи кои летуваат таму јавуваат дека паднал град и интензивни врнежи проследени со грмотевици ја зафатиле плажата во Сливница.

Паѓал град со големина на орев, дувал силен ветер што предизвикал паника кај мештаните и туристите кои летуваат на преспанското крајбрежје.

-Се споија небо и земја, опишуваат очевидци на големото невреме во преспанскиот крај.

Метеоролозите за попладнево најавија пад на температурите и променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на невреме со град.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот