ВИДЕО | Поранешниот англиски репрезентативец, Енди Керол предизвикал скандал во Лондон

Фото: Screenshot

Поранешниот англиски репрезентативец, Енди Керол се најде во центарот на вниманието поради скандал надвор од теренот.

Керол бил снимен на улиците во Лондон каде што по вечера во еден ресторан сакал физички да се пресмета со едно лице. Случајните минувачи го смирувале напаѓачот, но тој им се заканувал дека ќе има проблем и со нив доколку не го остават.

Фудбалерот кој во минатото го носеше дресот и на англискиот гигант Ливерпул на снимката објавена од британски „Сан“ е во очигледна алкохолизирана состојба.

„Минувачите кои беа во близина се обидуваа да го запрат и да го смират, но од него добиваа само закани“, пренесува „Сан“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Sun Football (@thesunfootball)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот