ВИДЕО: Поплави во Далмација, поројот носи сè пред себе

Силниот дожд кој од утринава врне во и околу гратчето Обровац близу Задар, на северот на хрватската област Далмација, предизвика поплави, а најмногу настрадаа местата Крушево и Меке Драга, потврди попладнето началникот на цивилната заштита на градот Обровац, Слободан Јурјевиќ.

„За многу кратко време наврна големо количество дожд што ги преоптовари одводните канали. Поројот носеше се пред себе, оштетени се патишта и локални патишта, а водата навлегуваше и во приземните делови од семејните куќи“, додаде тој.

Екипите на Цивилната заштита и пожарникарите веднаш излегле на терен и ги расчистиле патиштата, истовремено помагајќи им луѓето чии куќи се поплавени.

„За среќа, дождот престана, а за утре се предвидува невреме. Сега имаме најмногу работа на јавните површини, а на луѓето ќе им обезбедиме и одвлажнувачи“, рече Јурјевиќ.

Силен дожд од рано утринава паѓа и во областа на Новиград, каде се оштетени и патишта и приземни делови од станбени згради.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот