ВИДЕО | Паника во Израел, жителите на Тел Авив бегаат додека ечат сирените

Силни експлозии се слушнаа попладнево во израелскиот главен град Тел Авив, откако претходно се огласија сирените за воздушна опасност во централниот дел на земјата, јавува Ројтерс.

На снимки објавени на социјалните мрежи се гледа како луѓето панично бегаат додека ечат сирените. Според информациите во дел од медиумите, Тел Авив бил погоден од јеменски ракети, додека дел од нив биле соборени во лет од израелската војска.

Последната ескалација на насилството на Блискиот исток доаѓа по засилената офанзива на Израел кон проиранската група Хезболах во соседен Либан. Во израелски напад врз Бејрут, денеска беше убиен лидерот на Хезболах, Хасан Насрала – чин што според аналитичарите неизбежно ќе ги заостри непријателствата во регионот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот