ВИДЕО | Палмер постигна четири гола за едно полувреме и испиша историја, Арсенал подобар од Лестер

Фото: EPA-EFE/TOLGA AKMEN

Кол Палмер од редовите на Челси продолжи со одличната форма и денеска со неверојатно полувреме обезбеди победа за својот тим.

Во натпреварот против Брајтон, Палмер за едно полувреме постигна четири гола и така стана првиот играч во историјата на Премиер лигата на кого му успеало такво нешто.

Голеадата започна во седмата минута кога Рутер донесе предност за Брајтон, но Челси благодарение на одличнот Кол Палмер во 21. минута го израмни резултатот. Три минути подоцна Џејдон Санчо ја затресе мрежата, меѓутоа тој погодок беше поништен поради недозволена позиција.

Сепак, до пресврт Челси стигна во 27. минута кога Палмер го постигна својот втор гол. Веќе во 31. минута „сините“ имаа и 3-1 и одново стрелец беше Палмер и тоа беше прекрасен гол од слободен удар. Брајтон во 34. минута намали на 3-2.

Не застана Палмер тука, па постигна и четвртиот гол со што стана првиот играч во историјата на Премиер лигата кој постигнал четири гола за едно полувреме. Во вториот дел не видовме погодоци, па Челси ги освои бодовите.

Победа со истиот резултат забележа и Арсенал. „Топџиите“ по првиот дел имаа водство од 2:0 со головите на Мартинели и Тросар, а Лестер дојде до израмнување со погодоците на Џастин во 47. и 63. минута.

Тросар со својот втор гол и Хаверц во последните моменти од средбата ги обезбедија трите бода за Арсенал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот