ВИДЕО: Паднати десетици дрвја, оштетени возила, покриви и кабли, какви штети претрпе Скопје од невремето?

Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Според добиените пријави во Центарот за управување со кризи (ЦУК) како последица на невремето кое попладнево го зафати Скопје паднати се 16 дрвја, оштетени се три возила, регистрирани се седум откачени кабли од бандери, три покриви се оштетени, регистрирана е повреда на едно лице.

Од ЦУК информираат дека во моментов се известуваат и координираат надлежните служби од општините и Град Скопје, за постапување по пријавите за штети и опасности.

„На Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК) се добиени повеќе пријави за штети и информации за опасности за граѓаните и околината, настанати од невремето во Скопје, што зафати дел од градот. За сите пријавени случувања и итни случаи на 112, преку Секторот за операции и координација во ЦУК се известуваат и координираат надлежните служби од општините и Град Скопје за постапување по пријавите за штети и опасности. Засега билансот, според прводобиените пријави и информации на 112 во ЦУК е следен: дрвја паднати 16; возила оштетени 3; кабли откачени од бандери 7; откачени и оштетени кровови 3 и повредени 1, соопштуваат од ЦУК.

Оттаму информираа за добиените пријави со конкретни адреси и места каде се случиле.

„Добиена е пријава за паднато дрво врз жена на улицата, во близина на пекара Пастел на Локација: Булевар Свети Климент Охридски, 66, Скопје. Известени се ИМП и Полиција за натамошна постапка. Паднато големо дрво од непознат вид врз бандера со кабли од струја кои искрат во моментот во населба Сопиште. Материјални штети во моментот нема, ниту повредени лица. Скинат кабел од бандера на улица „Ѓорѓи Капчев“, Скопје. Четири паднати дрва поради невремето на локација Воен базен на патот према касарната. Пријава за пожар од спој на жици од електрична енергија, гори сува трева и камион. Локација ДСМ- Ортопедика населба Карпош. Пријава за откачен лим од приватна куќа, на улица „Јуриј Гагарин“, во Скопје. Добиена е пријава за навалено големо дрво, каде преставува опасност да падне во паркот каде има малолетници на локација улица „Јуриј Гагарин“, Скопје. За паднато дрво на улицата по која движат возила на локација улица „12-та Македонска Бригада“, Скопје. Добиена е пријава за паднато дрво врз патничко моторно возило марка Сузуки. На булевар „Видое Смилевски – Бато“, Скопје. Пријава за паднат кабел од невремето во уличката кај влез на паркинг на УКИМ. Пријава за дрво кое што е закачено на бандера со кабли од струја и за кое постои опасност да падне врз гаража во близина. Пријава за голем метеж во сообраќајт на булевар „3-та Македонска Бригада“, Скопје. Добиена е пријава за скршена липа и падната врз орев на улица „Душан Тасковиќ“, Скопје, стои во соопштението на ЦУК.

Инаку жената на околу педесетина години врз која попладнево падна дрво кај „Европски универзитет“, не е во животозагрозувачка состојба, потврди доктор Драган Панов од Итната медицинска помош во Скопје.

„Наша екипа со помош на пожарникари ја извлекле. Таа немала надворешни видливи повреди. Се пожалила на болки во кичма и по телото, по што е однесена на опсервација на клиника. Треба да се направат снимки за да се види дали има некаква фрактура, појасни тој за МИА.

ВИДЕО | Дрво падна врз автомобил во населба Пролет

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот