ВИДЕО | Осасуна за првпат по 12 години ја победи Барселона

Фото: EPA-EFE/Villar Lopez

Oсасуна вечерва одигра фантастичен натпревар и ја совлада Барселона со 4:2 во рамките од осмот около во шпанското првенство.

Се до вечерва Барселона беше перфектна во Ла Лига и победи на сите седум одиграни натпревари, па и затоа победата на Осасуна е големо изненадување. Победата за домаќините ја најави Будимир со голот по асистенција на Брајан Сарагоса во 18. минута

Десет минтуи подоцна и самиот Сарагоса се запиша во листата на стрелци. Домаќините со водство од 2:0 заминаа и на паузата.

Барселона преку Виктор Пау во 53. минута намали на 2:1. Осасуна во 72. минута со вторито гол на Будимир, сега од пенал ја врати предноста од два гола.

Се играше 85. минута кога Бретонес постигна прекрасен гол за предност и од 4:1. Ламин Јамал четири минути подоцна постигна убав погодок за конечни 4:2.

За Осасуна ова беше прва победа над Барселона по цели 12 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот