ВИДЕО | „Од тие пари ќе го носам…“: Му наплаќа на дечкото кога преспива кај неа, двапати неделно чини 100 долари

Фото: Принтскрин / ТикТок

Тиктокерката Мина Ким од Франција на својот профил редовно споделува совети за штедење и паметна распределба на финансиите, а стана вирална кога раскажа како на својот дечку му наплаќа 50 долари секој пат кога тој преспива кај неа.

Наместо да му наплати на својот 26-годишен дечко за секоја ставка посебмо, како кирија, храна и комуналии, таа му одредила дневен надомест од 50 долари.

„Неделава двапати преспа, тоа се 100 долари“, објаснува таа во видеото кое предизвика бурни реакции.

Но, Мина има посебен план да ги потроши парите што треба да ѝ ги даде нејзиниот дечко. Таа објасни дека остава пари на страна, а кога сумата ќе достигне 6.000 долари, ќе го однесе своето момче на неговото патување од соништата во Мексико.

Сепак, и покрај добрите намери, нејзината одлука да го наплати неговиот престој наиде на бројни негативни коментари.

„Значи, го изненадуваш со одмор кој сам си го платил? Колку си љубезна“; „Како тоа такви луѓе се во врски, а јас сè уште не можам да најдам никого?“; „Чекај малку, треба ли да му платиш кога спиеш ти кај него?“, се дел од коментарите.

@budget.with.kimYou can find the box in my profile 💕

♬ original sound – Budget with Kim

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот