ВИДЕО | Објавен трејлер за филмот за Марија Калас: На Анџелина Џоли веќе ѝ предвидуваат Оскар
Објавен е трејлер за новиот филм на Пабло Ларен, во кој Анџелина Џоли го толкува легендарниот лик на оперската пејачка Марија Калас. Филмот беше премиерно прикажан на Филмскиот фестивал во Венеција и доби осумминутни овации, со што веќе започнаа прогнозите за наградите.
Во „Марија“, Џоли ја портретира грчката сопранистка која се повлекува во Париз по гламурозниот, но турбулентен живот. Краткиот трејлер сугерира дека филмот ќе ја прикаже животната приказна на Калас, вклучувајќи ја и нејзината блиска врска и афера со тајкунот Аристотел Оназис.
Покрај Џоли, во филмот глумат Валерија Голино, Коди Смит-Мекфи, Халук Билгинер и други.
Критичарите веќе предвидуваат можна победа на Цоли на Оскарите и истакнуваат дека актерката конечно ја добила главната улога што ја заслужува.
Филмот ќе се најде во одбраните кина на 27 ноември, а на „Нетфликс“ на 11 декември.
Организаторите на фестивалот во Венеција морале да спречат средба на Анџелина Џоли и Бред Пит