ВИДЕО: Ново силно невреме ја зафати Хрватска, улици претворени во реки во Истра

Хрватска до крајот на неделата ќе биде на удар на циклонот „Џенова“, поради што временската прогноза за следните три дена е многу лоша, а во делови од земјата се очекуваат многу обилни врнежи од дожд, кои веќе ја зафатија Истра.

Во областа на Риека попладне веќе се забележани големи количества врнежи, со над 80 милиметри дожд, според извештаите на ИстраМет. Најмногу дожд, според последните информации, наврнало во Красица каде се забележани 137,4 милиметри дожд.

Во малото место Свети Ловреч улиците се претворени во реки, а дождот и вечерва не престанува да паѓа. Истрамет пишува дека во некои делови има „целосен потоп“ и дека има поплавени куќи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот