ВИДЕО | Нова „акција“ врз дела на Ван Гог во Лондон, откако активистки добија затвор за претходен „напад“ со супа

Еколошките активисти од организацијата „Just Stop Oil“, попладнево полеаја со супа две од најпознатите уметнички слики на холандскиот великан Винсент Ван Гог, а „нападот“ се случи само неколку часа откако две други активистки беа осудени на затворски казни поради сличен чин извршен во 2022 година.

Тројца активисти ги полеаја со супа од домати сликите на изложбата „Поети и љубовници“ во Националната галерија во центарот на Лондон, по што беа уапсени, јавуваат британските медиуми. Додека двете жени и маж ја истураа супата на сликите, можеше да се слушнат посетителите коишто им велеа „не“ и „не правете го тоа“.

„Бидете на вистинската страна на историјата“, извика една од активистките додека стоеше пред сликата, носејќи маичка со натпис „Just Stop Oil“.

Претходно, Феб Пламер (23) доби казна од две години затвор, додека Ана Холанд (22) доби казна од 20 месеци, поради тоа што во октомври 2022 година, фрлија супа на сликата „Сончогледи 1888“ на Ван Гог. Тие ја оштетија рамката на сликата, а штетата беше проценета на 10.000 фунти.

„Полицијата беше повикана во 14:40 часот, на 27 септември, во Националната галерија, откако група протестанти од „Just Stop Oil“ го полеала со супа уметничкото дело“, изјави портпаролот на лондонската полиција.

Тројцата активисти се во притвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот