ВИДЕО | Ноќ на изненадувања во ЛШ: Јувентус и со играч помалку до голем пресврт во Германија, Лил го шокираше Реал Мадрид, Баерн поразен во Англија!

Фото: EPA-EFE/MOHAMMED BADRA

Ако вчера беше ноќ на фаворитите, вечерва во Лигата на шампионите видовме неколку изненадувања.

Најголемите изненадувања ги приредија екипите на Астон Вила и Лил кои со минимални резултати славеа против Баерн Минхен и Реал Мадрид.

Единствениот гол за Астон Вила во дуелот против Баерн Минхен го постигна Дуран на десетина минути пред крајот на средбата.

Победата за Лил против „кралевите“ ја обезбеди Џонатан Дејвид со погодокот од пенал во завршницата од првиот дел.

Атлетико Мадрид иако ја имаше фаворитската улога против Бенфика, а на крајот избраниците на Симеоне доживеаа вистински дебакл од 4:0. Домаќините постигнаа еден гол во првото полувреме преку Актуркоглу, додека во вториот мрежата на „јорганџиите“ ја погодуваа, Ди Марија, Бах и Кокчу.

Највозбудливиот натпревар вечерва веројатно го одиграа екипите на Лајпциг и Јувентус кој заврши со победа на „старата дама“ од 2:3. По половина час Бенџамин Шешко уште еднаш ја потврди својата одлична форма и постигна гол за водство со кое домаќините заминаа со предност на паузата.

По само пет минути игра во вториот дел Влаховиќ одлично се снајде во петерецот и донесе ирамнување. Во 59. минута Јувентус остана со играч помалку откако исклучување заработи голманот Ди Грегорио поради игра со рака надвор од шеснаесетникот. Лајпциг само шест минтуи подоцна од пенал со вториот гол на Шешко дојде до ново водство. Опенда потоа пропушти две големи прилики за Лајпциг, а кога изгледаше дека Јувентус е во тешка ситуација стигна казната за Германците.

 

Влаховиќ во 68. минута постигна прекрасен погодок за израмнување, додека Консесиао во 82. минута обезбеди пресврт и со црвен картон. Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас не доби прилика и во овој натпревар остана на клупата за резерви.

Динамо Загреб на Стефан Ристовски и Аријан Адеми одигра 2:2 против Монако Адеми беше заменет во 63. минута додека Ристовски ги одигра комплетните 90 минути.

Во останатите два натпревари Ливерпул ја оправда фаворитската улога против Болоња и славеше победа со 2:0, додека Клуб Бриж го победи Штурм Граз 0:1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот