ВИДЕО | Неверојатниот Диого Кошта не дозволи Роналдо да биде трагичар и ја одведе Португалија во четвртфинале

Фото:. EPA-EFE/OLIVIER MATTHYS

Португалија по 120 минути фудбал и изведувањето на пенали ја елиминираа Словенија во осминафиналето на Европското првенство.

Португалија се закануваше од почетокот на натпреварот, меѓутоа тоа не беа некои големи прилики за погодок, најчести беа заканите на Кристијано Роналдо кој упати неколку удари. Роналдо шутираше и од слободни удари, но или топката завршуваше директно во Облак или не беше прецизен.

Во последните моменти од натпреварот Роналдо имаше нова прилика, но и во таа ситуација поуспешен од него беше голманот на Словенија.

Словенија беше повлечена, но добро организирана и имаше јасна цел, Матијаж Кек одлично ја постави играта и не дозволи Португалија да биде опасна како што знае. Имаа и една голема прилика кога Бенџамин Шешко беше во дуел со Пепе, меѓутоа неговиот удар заврши покрај голот.

Најголемата можност за победа на Португалците пред пеналите ја пропушти Роналдо кој во финишот од првото продолжение не реализираше пенал.  По пеналот Пепе погреши на спротивната страна, а Португалија имаше среќа Диого Кошта да го спречи напаѓачот на Словенија.

Португалскиот голман повторно блесна во пенал рулетот кога одбрани три пенали на Иличиќ, Белковец и Вербиќ и така обезбеди четвртфинале за својата репрезентација. Прецизни за Португалија беа Роналдо, Бруно Фернандеш и Бернардо Силва.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот