ВИДЕО | Неопислива радост: Осумгодишна фотографка успеала да „улови“ редок розов скакулец

Фото: Instagram / eagle_eyed_grl

Британката Џејми има само осум години и веќе освојува награди за најдобра фотографија. Таа ја обожава природата, а неодамна се пофалила на социјалните мрежи со едно необично откритие.

Девојчето го истражувала светот со својот фотоапарат кога видела – ни помалку ни повеќе, розов скакулец. Видеото со розовит скакулец кое се појави на социјалните мрежи воодушеви многу корисници, пренесува „НДТВ“.

Фото: Instagram / eagle_eyed_grl

„Само што видов розов скакулец. Приближно 1 отсто од луѓето се среќаваат со ваков феномен во својот живот“, рекла Џејми.

Девојчето додава дека необичната нијанса е резултат на „генетска мутација“ која предизвикува прекумерно производство на розов пигмент, или недоволно производство на црн.

„Многу сум среќна што го гледам“, додала таа.

Фото: Instagram / eagle_eyed_grl

Многу корисници го пофалија нејзиниот талент и фасцинација со природата.

„Вака треба да изгледаат денешните деца, инспирирани и љубопитни. Браво“; „Нејзината возбуда и ентузијазам ме восхитуваат“, „Знаење. Возбуда. Фотографија. Вештини. Слаткост. Има се“, беа дел од коментарите под видеото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот