ВИДЕО: „Нема да поштедиме никого“: Општина Тетово уриваше дивоградби на Попова Шапка

Фото: Фејбук профил Биљал Касами

Градоначалникот на Општина Тетово Биљал Касами на Фејсбук објави видео од денешната акција на инспекторите, во која се гледа како механизација урива бетонски плочи и столбови, односно „диви“ објекти кои сега започнале да се градат, на кои имало поставено и друг градежен материјал.

„Се работи за објекти кои се без дозвола и му даваат лош изглед на туристичкиот центар“, напиша Касами

„Пред преземањето на мандатот ветивме дека ќе го ослободиме градот од узурпаторите кои ги узурпираат јавните површини, речиси во секој дел од градот. Денеска на Попова Шапка Општинскиот инспекторат ја спроведе акцијата за ослободување на јавниот простор, продолжувајќи со уривање на градби кои се без дозвола и му даваат лош изглед на овој туристички центар,напиша Касами

Проценките на невладините организации се дека во викенд-населбата Попова Шапка има над 100 дивоградби, а во градот бројката е многу поголема.

Од Општина Тетово неодамна велат дека имаат во фиока 200 решенија за уривање на дивоградби, но засега не прецизираат каде ќе продолжи акцијата, но велат дека „нема да биде поштеден никој“.

„Општина Тетово нема да поштеди никого. Законот ќе важи за сите. Нема да толерираме неовластени градби или узурпација на јавни површини. Градот им припаѓа на сите, не само на силните. Апелираме до сите граѓани да ги градат своите објекти според сите процедури, согласно законите и прописите“, соопшти Касами

За огромните нелегални зданија и во градот и покрај патот кон Попова Шапка, во подножјето на Шар Планина, како и кон излетничките места Бањиче и Кале, засега ниту оваа, ниту претходната власт немаат преземено никакви чекори.

Минатата недела градочалникот Касами се пофали дека започнале со акција за уривање на нелегално поставени реклами, знаци и урбана опрема поставена во дел од градот, на улицата „Борис Кидрич“.

Видеото беше дочекано со огорченост и гнев од жителите на градот од македонска националност. Тие реагираат дека е симптоматично тоа што Касами воведува ред на едно од само неколкуте места во градот каде има поголема концентрација на дуќани, локали и угостителски објекти кои се во сопственост на етнички Македонци.

Касами тргна да воведува ред, ама само кај Македонци, обвинуваат тетовци

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот