ВИДЕО: Наполи славеше над Монца за прво место во Серија А

фото: EPA-EFE/CESARE ABBATE

Фудбалерите на Наполи ја победија екипата на Монца со 2:0 во шестото коло од Серија А во Неапол.

Головите за Наполи ги постигнаа Матео Политано во 22 минута и Хвича Кварацхелија во 33 минута од натпреварот.

Наполи е на првото место на табелата во италијанскиот шампионат со 13 бодови, а во следното коло на домашен терен го пречекува Комо.

Монца е претпоследна на 19 позиција во генералниот пласман со три бодови. Во следното коло Монца на домашен терен ја пречекува Рома.

Претходно во неделата се одиграа мечевите: Торино – Лацио 2:3, Рома – Венеција 2:1, Комо – Верона 3:2 и Емполи – Фиорентина 0:0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот