ВИДЕО | На првата приватна вселенска прошетка одлетале четири луѓе – Илон Маск пишува историја

Принтскрин/фото Икс

Милијардер, пилот и двајца вработени во „SpaceX“ денеска полетаа од Флорида на мисија што треба да означи нова етапа во комерцијалното истражување на вселената – првата приватна вселенска прошетка во историјата, пренесува Курир.рс.

„Полетува “Polaris Dawn“ на Илон Маск “, објавија од компанијата на Икс заедно со снимката од ракетата „Фалкон 9“ што полетува од вселенскиот центар Кенеди.

 

Полетувањето беше одложено неколку пати во изминатите две недели, најмногу поради лошите временски услови.

Принтскрин/фото „Икс“

Вселенската прошетка е планирана за четврток, на половина пат од петдневниот лет.

 

Ако се оди според планот, тоа ќе биде прва приватна вселенска прошетка, но без напуштање на капсулата.

Вселенските прошетки, една од најризичните задачи за време на вселенските летови, беа преземени само од професионални астронаути кои и денес рутински го прават тоа на Меѓународната вселенска станица во орбитата на Земјата.

 

На прес-конференција пред летот, милијардерот и еден од учесниците во мисијата, Џаред Исакман, одби да каже колку инвестирал во летот. „Нема шанси“, рече тој.

SpaceX соработува со Isaacman за да плати за развој на вселенски одела и други трошоци.

„Не сум роден кога луѓето одеа на Месечината. Сигурно би сакал моите деца да видат луѓе како шетаат по Месечината и Марс и го истражуваат Сончевиот систем“, изјави 41-годишниот милијардер пред мисијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот