ВИДЕО | Mиовски изнуди и промаши пенал, Феенорд подобар од Жирона

Фото: EPA-EFE/SIU WU

Eкипата на Жирона за која настапува македонскиот напаѓач Бојан Миовски претрпе пораз во натпреварот против Феенорд на домашен терен.

Македонскиот напаѓач беше на теренот од првата минута, а теренот го напушти во 75. минута кога на негово место влезе Стуани.

Имаше Миовски и голема прилика да постигне гол во својот деби настап во елитното натпреварување, но не го реализираше пеналот во 67. минута.

Жирона прва стигна до предност во 19. минута преку Лопез, но Феенорд стигна до изедначување со автоголот Херера во 23. минута. Само десет минути подоцна холандскиот тим направи и целосен пресврт.

До крајот на првиот дел видовме и промашен пенал на Феенорд, а Жирона до изедначување дојде во 74. минута преку Ван Де Бек. До победата Феенорд стигна со уште еден автогол, сега сопствената мрежа ја погоди Крејчи.

Во вториот натпревар во истиот термин Аталанта го победи Шахтјор со 0:3.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот