ВИДЕО | Милан Калиниќ ја шокираше јавноста со изјавата на син му: „Тато, јас гледав порно филмови“

Милан Калиниќ во „Ако проговорам“ / Фото: Скриншот/Јутјуб

Емисијата „Ако проговорам“, која ја води српската пејачка Гоца Тржан, е едночасовно шоу во кое гостите искрено зборуваат на табу-теми.

Пред речиси две години, актерот Милан Калиниќ гостуваше во оваа емисија, чија тема на денот беше „Разговор со децата за интимните односи“. Еден од аспектите кои го опфатија беше и фактот дека децата, доколку не се под надзор од своите родители, имаат лесен пристап до содржина која е наменета за возрасни.

Мал сегмент од нивниот разговор повторно стана актуелен на социјалните мрежи. Имено, Калиниќ детално зборува за тоа дека неговиот син, кој тогаш имал десет години, му признал дека гледал порнографски филмови со неговиот другар.

„Пред една година, значи Вук тогаш имаше десет години, а сега има единаесет. Ние се враќаме од тренинг, тој седи зад мене и ми вели: ‘Тато, јас и Душан гледавме порно филмови’. Јас му реков: ‘Па, добро’. А потоа синот ми рече: ‘А, ти знаеш ли што сè прават таму?’. Јас му реков: ‘Па, знам. Многу добро знам што прават’“, раскажа Калиниќ, па додаде дека на син му „многу му се допаднало тоа што го изгледал“.

Актерот продолжи да објаснува дека е „нормално да се гледа таква содржина и дека секој маж го прави тоа“.

„По неколку дена, тој повторно дојде да зборува со мене и ми рече: ‘Тато, едвај чекам и јас да имам односи’“, раскажа Калиниќ, а присутните во студиото почнаа да се смеат.

Голем дел од корисниците на социјалните мрежи се згрозени од постапката на српскиот актер и сметаат дека Калиниќ го посрамотил својот малолетен син со тоа што јавно ја споделил неговата интима.

„Покрај тоа што го посрамоти синот, морам да потсетам дека порнографските филмови можат да направат поголема штета отколку корист во сексуалниот живот на многумина поради нереалните очекувања. Каков ужас, ми се слоши од оваа снимка. Поради ова децата имаат искривена слика за љубовта, интимата и односот кон жените. Овој човек е тотален идиот, а и овие кои се смеат покрај него. Балкански примитивизам“, е еден од бројните коментари под објавата.

Остри критики се упатени и кон српската телевизија К1, каде што неколку години се емитува оваа емисија, поради тоа што дозволила емитување содржина во која се спомнува име на малолетник и промовирање еротска содржина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот