ВИДЕО | Миа Костова емотивна на 12. роденден на синот: Направи од мене непобедлив борец…

Миа Костова со синот / Фото: Принтскрин / Инстаграм

Македонската инфлуенсерка Миа Костова, која во минатото беше препознатливо телевизиско лице, денеска го прославува 12. роденден на нејзиниот син Андрија.

По тој повод, таа сподели симпатично видео од 2014 година, кога нејзиниот син имал само две години и бил покриен со пешкир на плажа. Андрија се тресе од студ, но ѝ вели на мајка си дека сака пак да влезе во вода и дека не сака да се врати дома во Скопје, туку да си живеат таму, на море.

Костова потоа сподели и видео кое е реплика на претходното – снимено на истото место, но 10 години подоцна.

„Љубов моја, пораснавме заедно, направи од мене непобедлив борец. Фала ти што сум ти мајка и фала ти што си најдобриот син на светот. Само среќа и здравје ти сакам, друго можам сè за тебе. Среќен роденден, Андрија“, напиша Миа, честитајќи му го роденденот на синот.

ВИДЕО | Миа Костова жртва на измама: Не наседнувајте на овие реклами, јас не сум поврзана со нив

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот