ВИДЕО | Meси можеше да биде трагичар, голманот Мартинез ја одведе Аргентина во полуфиналето на Копа Америка

Фото: EPA-EFE/LESLIE PLAZA JOHNSON

Репрезентацијата на Аргентина потешко од очекувањата, но успеа дојде до полуфиналето на Копа Америка. Аргентинците по изведувањето на пенали беа подобри од Еквадор, а херој беше голманот Емилијано Мартинез.

Прва стигна до водство Аргентина со голот на Лисандро Мартинез по 35 минути игра. Еквадор по 15-тина минути во второто полувреме доби прилика да изедначи, но Енер Валенсија од пенал ја погоди само стативата.

Пред самиот крај во втората минута од судиското продолжение Родригез погоди за изедначување и го одведе натпреварот во пенал-рулетот.

Меси прв шутираше за Аргентина и се обиде со паненка, но неговиот удар заврши во пречката. Прецизни подоцна беа Алварез, Мекалистер, Монтиел и Отаменди. Мартинез ги одбрани ударите на Мена и Минда, па така ги одведе „Гаучосите“ во полуфиналето каде што го чекаат подобриот од пресметката помеѓу Венецуела и Канада.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот