ВИДЕО | Марија Шерифовиќ за првпат на летување со синот: Друштво им прави стоматологот на пејачката

Марија Шерифовиќ / Фото: Принтскрин / Јутјуб

Српската пејачка Марија Шерифовиќ го однела својот син Марио на неговиот прв летен одмор. Бидејќи момчето веќе летало со авион, кога се враќале од Америка во Србија, пејачката овој пат била помалку исплашена и, сè поминало како што треба.

Како што покажа во видеото на својот јутјуб-канал, тие заминале во Црна Гора, но мајката и синот не биле сами. Со нив отишле бебиситерката на Марио и стоматологот на пејачката.

„Единствено што ми треба, освен Марио и неговата бебиситерка, е мојот стоматолог, доколку ми испадне протезата за да не се враќам во Белград“, изјавила Марија Шерифовиќ.

Таа во својот блог го покажа луксузот во кој уживаат, а во хотелскиот апартман имало специјално креветче за Марио. Во Црна Гора им се придружила и Јована Пајиќ, една од најблиските пријателки на Марија.

Пејачката откри и колку време Марио поминувал на плажа. Како што истакнува, нејзиниот син е воодушевен од морето.

„Решивме да го однесеме Марио на плажа многу рано или доцна, но тој ја откри магијата на водата, па ќе биде тешко да го извадиме“, додала Марија.

Се случил инцидент: Марија Шерифовиќ го прекина новогодишниот настап во Зеница

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот