ВИДЕО: Македонското знаме повторно се вее на Кораб

Симнато албанското знаме, вретено македонското на Кораб/Фото: Скриншот

Откако викендов дрско беше симнато македонското знаме од врвот Голем Кораб од страна на албански планинари предводени од извесен Изет Шулку од Пешкопеја и заменето со албанско, македонски планинари се искачија на врвот и го вратија македонскиот државен симбол.

Врвот Голем Кораб на планината Кораб е вистински предизвик за планинарите бидејќи се наоѓа на 2.764 метри надморска височина и е во рамки на Националниот парк Маврово, додека корабскиот планински масив е во двете соседни земји Македонија и Албанија.

-Македонија секогаш имала храбри синови, стои во објавата на Инстаграм покрај видеото од враќањето на македонското знаме на Кораб што беше поздравено од корисниците на оваа социјална мрежа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Мк Пиреј (@mk.pirej)

Албанските планинари ја одлепија и кириличната налепница на обележјето на врвот Голем Кораб.

Министерството за внатрешни работи вчера го провери идентитетот на сторителот кој го отстрани македонското знаме од јарболот на Кораб и најави дополнителни мерки за расчистување на случајот.

-Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека по преземени мерки од страна на Одделот за компјутерски криминал утврдено е дека се работи за лице кое не е државјанин на РСМ, соопшти МВР.

Реагираше и ЛДП која изрази длабока разочараност од инцидентот на врвот Голем Кораб и чинот го нарече неприфатлив и спротивен на принципите на спортот и планинарењето, кои треба да нè обединуваат, а не да нè делат.

-Голем Кораб, како највисок врв во Македонија и Албанија, е симбол на природната убавина и заедничкото наследство. Врвот не само што е физичка точка на спојување, туку и духовна, културна и историска врска меѓу нашите две нации, а инцидентот каде што беше уништена таблата е акт на негирање на заедничкото наследство и на потребата за мирен соживот. Спортот и планинарењето се активности кои треба да ги поттикнуваат пријателството и соработката, а не конфликтите и поделбите. Ваквите постапки го нарушуваат духот на заедништво и го поткопуваат напорот за изградба на позитивни релации меѓу народите, реагираше ЛДП.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот