ВИДЕО | Лига Европа: Рома испушти победа во завршницата, Ајакс убедлив против Бешикташ

Фото: EPA-EFE/FABIO FRUSTACI

Во вечерашните натпревари од Лига Европа, екипата на Рома испушти победа и ремизираше против Атлетик Билбао во еден од натпреварите кои привлекуваа најголемо внимание.

Рома имаше предност се до 85. минута со голот на Довбик во 32. минута, а тогаш Паредес ја погоди мрежата на „волчицата“ за израмнување и конечни 1:1.

Ајакс ја оствари најубедливата победа во вечерта и го прегази турски Бешикташ со 4:0. Еден гол постигна холандскиот тим во првото полувреме и уште три во вториот дел за убедлив триумф.

Највозбудливо вечерва беше во Германија каде што Ајнтрахт до 86. минута водеше со 3:1 и на крајот не победи. Плзен со головите на Аду и Јемелка во 86. и 93. минута дојдоа до бод.

Во останатите натпревари ФЦСБ славеше 4:1 со РФС Рига, Лион дома го совлада Олимпијакос со 2:0, додека Брага со два гола на Брума во 88. и 95 минута дојде до победа од 2:1. Тотенхем во натпреварот кој започна најдоцна од сите не дозволи изненадување и беше подобар од Карабах со 3:0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот