ВИДЕО: Лацио славеше во Торино, прв пораз на „биковите“ во Серија А

фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Торино не го престигна на врвот на табелата во Серија А гигантот од тој град, Јувентус, откако во шестото коло од најсилното италијанско фудбалско првенство на домашен терен беше поразен од Лацио – 2:3.

Гостите беа подобриот ривал, поведоа со 2:0, по головите на Гендузи во осмата минута и Дие во 60 минута. Сепак, шансата за 3:0 Кастеланос ја загуби поради неверојатната одбрана на голманот на „биковите“ Алберто Палеари.

Торино брзо реагираше и ја намали предноста од контранапад во 67 минута, со голот на Че Адамс по додавањето на Влашиќ.

Сепак, Лацио беше подобар ривал, во 90 минута Нослин ја врати предноста од два гола на гостите. До крајот на мечот Торино успеа само да го ублажи поразот преку Коко во втората минута од судиското надополнување.

На табелата во Серија А „биковите“ по првиот пораз сезонава се на четвртото место со 11 бодови, еден повеќе од Лацио на шестата позиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот