ВИДЕО | Кристина Агилера ослабна 20 килограми: Луѓето се прашуваат дали се оперирала или користела „оземпик“

Фото: Инстаграм/ xtina

За изгледот на пејачката Кристина Агилера (43) во последно време не престанува да се зборува. Пејачката позната по своите облини, изненади со трансформација и откри дека ослабела 20 килограми. Таа го покажа својот изглед во предизвикувачка модна комбинација.

Агилера викендот го помина во Италија, каде што настапи на гламурозниот настан Dolce & Gabbana Alta Moda. За таа пригода облекла розов краток фустан и чизми над колена во иста боја.

Следбениците не одолеале и веднаш ја опсипувале со бројни комплименти.

– Изгледаш убаво и среќно! Се гледа дека си полна со самодоверба – бил еден од коментарите.

-Толку си убава – напишале други.

Некои ѝ пишаа дека им недостигаат нејзините прекрасни облини, а некои дури почнаа да разговараат како Кристина ослабела толку многу.

– Убеден сум дека имала некаква операција – напишале корисниците на социјалните мрежи.

Други шпекулираат дека ослабела поради употребата на лекот за дијабетес – „оземпик“.

Агилера претходно за магазинот Health изјави дека „мрази да биде супер слаба“. Нејзината тежина варирала со текот на годините, но извесно време ја одржувала својата витка линија. Како што открила, во тоа успева поради здравата и урамнотежена исхрана и поради вежбањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот