ВИДЕО | Кралицата Камила го слави својот 77 роденден: Вилијам и Кејт ѝ честитаа со фотографија од градината
Кралицата Камила денеска го слави својот 77 роденден. На официјалниот Твитер профил на кралското семејство тие ѝ посакаа среќен роденден на кралицата и споделија нејзина фотографија од балконот направена за време на нивното патување на островот Гернзи еден ден претходно. „Ѝ посакуваме среќен роденден на нејзиното височество на кралицата!“, стои во постот.
🎂 Wishing Her Majesty The Queen a very Happy Birthday today! pic.twitter.com/Wv5fStZdlm
— The Royal Family (@RoyalFamily) July 17, 2024
Тие споделија уште едно видео во кое учениците од училиштето Сарк ѝ пеат на кралицата.
🎈Birthday celebrations started early in Guernsey yesterday … pic.twitter.com/5HRhZNfg2z
— The Royal Family (@RoyalFamily) July 17, 2024
„Роденденските прослави започнаа рано во Гернзи…“, се вели во соопштението на кралското семејство.
Кејт Мидлтон и принцот Вилијам ѝ испратија роденденски желби на Камила на нивните приказни на Инстаграм.
„На нејзиното височество ѝ посакуваме среќен роденден“, напишаа покрај фотографијата на Камила како позира во светлосин фустан и елек, држејќи корпа со цвеќиња.
Фотографијата е направена од принцезата Кејт за насловната страница на Камила во 2022 година на британското списание „Country Life“, на која се гледа како се релаксира во градината на нејзиниот дом.