ВИДЕО: Ковачевски објаснува како да штедиме струја

Фото: Фејсбук/принтскрин/Влада на РСМ

„Да се однесуваме одговорно и рационално во овие тешки времиња на економска и енергетска криза“, пишува на Фејсбук премиерот Димитар Ковачевски, кој објави кусо видео од владината кампања за штедење струја.

„Малите промени во нашите секојдневни навики, на долг рок прават значителна разлика во заштедите на сметките за струја. Скоро половина од потрошувачката за електрична енергија во домот се троши за греење или ладење. Сериозно штедиме струја со греење на разумна температура до 22 степени целзиусови“, пишува Ковачевски.

Тој додава дека „со греење на клима-уред инвертер, наместо на греалка или панел, може да се заштеди и до 75% електрична енергија“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот