ВИДЕО | Kосовски кошаркар предизвика скандал, одби да се поздрави со поранешниот српски репрезентативец

Фото: Screenshot

Екипата на Маруси од Грција славеше победа во натпреварот против косовскиот Пеќ со 98:75 во меч од Купот на Европа, но овој натпревар во центарот на вниманието се најде поради работи кои не се поврзани со кошарката.

Имено, младиот косовски кошаркар Анди Ахмети на крајот од натпреварот одби да се поздрави со екс-репрезентативецот на Србија, Мирослав Радуљица. Ахмети прво ја игнорираше подадената рака, а потоа испрати и остар поглед до српскиот кошаркар.

Причина за неговата ваква реакција веројатно е коментарот на центарот „Косово и Метохија, тоа е Србија“, објавен под најавата за натпреварот на страната на грчкиот тим.

Двете екипи ги очекува и реванш во Приштина кој е закажан за 27 септември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот