ВИДЕО | Конечно бакнеж во новиот трејлер за „Џокер 2“: Неверојатна хемија помеѓу Хоакин Феникс и Лејди Гага

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Објавен е нов трејлер за фимот „Joker: Folie a Deux“, во кој повторно можеме да ја видиме „хемијата“ меѓу Хоакин Феникс и Лејди Гага.

Во трејлерот ги слушаме најавувачите како зборуваат за злосторствата на Артур Флек, односно Џокер и за тоа како дел од општеството го смета за херој, додека гледаме како полицијата го носи насловниот лик на судење. Улиците се полни со демонстранти кои го скандираат неговото име, а потоа ја слушаме Харли Квин, која ја игра Лејди Гага: „Кога првпат го видов Џокер, не се чувствував толку осамена“.

Во продолжение на трејлерот ги гледаме и нивните бакнежи, како и никогаш послабото тело на Хоакин.

Во трејлерот полн со насилство и фантазија на Бродвеј, филмот се чини дека ветува комбинација на суров реализам со шарена имагинација. Продолжението на „Џокер“ ќе се појави во кината на 4 октомври.

Филмот „Џокер“, добитник на Златниот лав на Меѓународниот филмски фестивал во Венеција, заработи повеќе од милијарда долари ширум светот и ги предводеше Оскарите со 11 номинации. Продолжението на „Џокер“ премиерно ќе биде прикажан на овогодинешниот филмски фестивал во Венеција.

 

ФОТО | Неверојатна хемија помеѓу Хоакин Феникс и Лејди Гага: Нови фотографии од сетот на „Џокер“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот