ВИДЕО | Камила Кабељо со најпровокативен настап досега: Сладоледи ѝ се лизгаа по телото

Камила Кабељо / Фото: Anthony Harvey / Shutterstock Editorial / Profimedia

Пејачката Камила Кабељо го изведе можеби најпровокативниот настап досега. Имено, пејачката ја „запали“ сцената со својот провокативен танц, но она што најмногу привлече внимание беа сладоледите кои се лизгаа по целото нејзино тело на фестивалот Гластонбери, Англија.

Експлицитните кадри снимени од овој настап привлекоа внимание на социјалните мрежи. Многумина беа збунети од овој настап, други, пак, воодушевени, а на трети воопшто не им се допаднаа.

„Останав без зборови, настапот на Камила Кабељо беше неверојатен“; „Многу сум збунет. Што ѝ се случи?“; „Што е ова?“; „Не можам да ја препознаам“; „Посакувам некој да ми покаже како изгледаше моето лице за време на отворањето на песната на Камила на концертот во Гластонбери, бидејќи искрено, бев збунет“, се само дел од коментарите на Икс.

Инаку, пејачката неодамна го објави албумот C, XOXO и со него најави малку поопуштена верзија на себе.

„Сега, кога не се чувствувам толку психички оптоварена, всушност можам да се забавувам и да имам долги нокти, да танцувам и да флертувам“, изјавила Кабељо.

Песните на новиот албум се инспирирани од љубовниот живот на пејачката која беше во врска со пејачот Шон Мендес. Гласините за нивната романса започнаа во 2019 година кога парот ја објави песната „Сењорита“, а во 2021 година објавија дека се разделуваат. Се чинеше дека парот повторно ќе биде заедно во 2023 година, но тоа беше краткотрајно.

„За среќа, ни требаше помалку време да кажеме: Ова не изгледа добро и не треба да работиме толку напорно за да функционира. Во ред е, ајде да продолжиме“, изјавила пејачката тогаш за „Билборд“.

@irenouken sangria wine stuck in my head #camilacabello #glastonbury @Camila Cabello ♬ original sound – irenouken

ФОТО | „Каква фигура…“: Камила Кабељо го покажа згодното тело во смела спортска комбинација

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот