ВИДЕО | Јелена му посвети роденденска честитка на Новак Ѓоковиќ: „Среќен роденден на мојот откачен татичко со срце големо како универзумот“

Фото: Скриншот/Инстаграм

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денеска го прославува својот 37. роденден, а една од првите роденденски честитки му ги упати неговата сопруга Јелена.

Таа објави видео на кое тие двајца се смешкаат, а таа го гледа со многу љубов. Во позадина се слуша големиот хит на Селин Дион – „Je noux veux“.

„Љубов моја, среќен роденден.

Среќен роденден на мојот ненормален, откачен и неуморен татичко со срце големо како универзумот.

Не бидејќи си наш, но навистина си најдобар. Те сакаме“, му посака таа на својот сопруг.

Нивната љубов датира уште од средношколските денови, а тенисерот вели дека станувало збор за „љубов на прв поглед“.

„Ме освои со насмевката на прв поглед. Се разбира, изгледот е секогаш на прво место, но љубовта бара многу повеќе. Јелена беше искрена од првиот момент и фала му на Бога што се запознавме пред да постигнам голем успех бидејќи знам дека е со мене поради мене, поради Новак, поради детето кое го запозна на 17 години. Таа е мојот најголем поддржувач, таа е способна, амбициозна и силна. Најмногу ми се допаѓа кај неа нејзината искреност“, изјави тенисерот своевремено за својата сакана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот