ВИДЕО | Јакимовски: Војната е длабоко вкоренета во природата на луѓето, но не е веројатна класична инвазија врз Украина

Виктор Јакимовски, експерт за комуникации
Виктор Јакимовски, експерт за комуникации / Утрински брифинг

Пропагандата и украинската криза се директно поврзани, а се има впечаток дека воената опција се префрли на пропагандно поле.

-Русија има цел проект, „Активни мерки“, кој произведува директни дезинформации, а тоа е започнато уште во времето на КГБ и СССР, вели Виктор Јакимовски, експерт за комуникации, за Утрински брифинг.

Тој вели дека е многу интересен фактот што во Велика Британија во времето на Втората светска војна Џон Годфри создава прирачник како да се изведе проект за дезинформации, а негов помошник е Ијан Флеминг, авторот на „Џејмс Бонд“.

-Но, сега стратегијата на Русија сега е сеење на страв, а што се однесува до САД гледаме дека доларот расте по кренатите тензии околу Украина, вели Јакимовски за Утрински брифинг.

Русија освен војска има поставено и балистички проектили, па не станува збор само за гола пропаганда.

-Не верувам дека ќе се случи класичен типна инвазија со тенкови и слично, затоа што тоа е финансиски неисплатливо. Русија сега има доволно девизни резерви и не е врзана за доларот, па секакви санкции можат да издржат 3-5 години, но луѓето секако ќе страдаат, вели Јакимовски.

Другите големи земји ја потценија Русија, а дел од нив се занимаваа со сопствени проблеми додека кај други стануваше збор за его. Целата работа започна со влегувањето на Русија во Грузија, па оваа ситуација не е толку нова.

Војната е длабоко вкоренета во природата на луѓето. Само луѓето и мравките умеат да планираат воени стратегии.

-Не мислам дека НАТО ја преспа работата. Но, ситуацијата со НАТО ми е сосема парадоксална. Русија има барања од НАТО, но не разговара со тие 30 земји во НАТО туку само со САД. Разговорите со другите земји се сведуваат на економија, вели Јакимовски и додава дека не е возможно да се загрози интегритетот на некоја земја ако таа има волја да влезе во НАТО.

Јакимовски вели дека доколку се случи класичен тип на инвазија на Украина ќе се спушти железна завеса иако не мислам дека тоа ќе се случи. Русија не е тоа што беше, коментира Јакимовски и додава дека сега Русија си има сопствени проблеми. Во рускиот мајндсет е доктрината на Примаков – Русија да го задржи своето влијание во пост-советските држави кои се осамостоија.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот