ВИДЕО | „Ја удри мојата сопруга“: Контроверзниот Десингерица се степал со постар маж среде улица

Десингерица / Фото: Instagram / dragomirdespic_design

Контроверзниот српски рапер Драгомир Деспиќ, попознат како Десингерица, повторно е во центарот на вниманието поради ситуацијата која се случила за време и по возењето со автомобил, пишува српски „Телеграф“.

Имено, за време на инцидентот со него била и сопругата Невена и нивното дете. На социјалните мрежи се појави и видео од тепачката во која учествувал Десингерица.

Како што пренесува „Телеграф“, тој се судрил со постар маж, а ситуацијата брзо ескалирала. На видеото се гледа како насобраната толпа се обидува да ги раздвојат. За целата ситуација Десингерица се огласил за српските медиуми.

„Тој човек ја турна таа селска количка под автомобилот, буквално за да загинам, јас закочив и ништо. Ме нападна мажот, не го ни допрев, потоа син му излезе да се пресмета со мене. Само на она видео каде што може да се види дека ја удираа мојата сопруга, тој ја удри во лице, потоа почнав да го удирам не овој човек туку неговиот син, овој висок човек што може да се бори со мене… Стариот човек не може да се бори со мене, ништо не доби, не го допрев. Во принцип бев нападнат, не нападнав никого“, изјавил тој за „Телеграф“.

Инаку, Десингерица е познат по тоа што за време на „настапи“ ги удира луѓето со патика по глава, им полива скап алкохол, а почна и да им ренда кашкавал на главите.

Видеото од инцидентот може да го погледнете ТУКА.

„Ги тепа обожавателите и го плаќаат како да е Чола“: Откриено е колку заработува контроверзниот Десингерица

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот