ВИДЕО | Израелците со фосфорни бомби ја започнаа операцијата против Хезболах во Јужен Либан

Израелските сили користат муниција со бел фосфор на пограничните места во Јужен Либан откако армијата денес изутрина реши да влезе во копнена операција против милитантните групи на Хезболах во Либан.

Вакви видео снимки иако засега се непотврдени од страна на Израел беа објавени на социјалните мрежи веднаш по започнување на операцијата за која израелската армија соопшти дека ќе биде временски и обемно ограничена и нема намера да го окупира Јужен Либан.

Инаку операцијата „Северна стрела“ беше одобрена од безбедносниот кабинет, а израелската армија синоќа почна, како што тврдат, „локализирани и насочени напади“ врз цели на Хезболах во Јужен Либан.

Објавено е видео од самиот почеток на влегувањето на ИДФ во Либан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот