ВИДЕО| Израел повторно го нападна Бејрут: Густ чад го прекри градот

Напад врз Бејрут принтскрин ИКС

– Израелската армија соопшти дека изведува „прецизни воздушни напади“ врз главниот град на Либан, Бејрут.

Според израелските медиуми се чини дека главна цел на нападот во Бејрут е командант на Хезболах.

Во јужните предградија на либанската престолнина се гледа чад и се слушаат звуци од експлозии, велат очевидци.

Обединетите нации претходно денеска соопштија дека над 90.000 луѓе се раселени во Либан, покрај дополнителните 110.000 лица кои ги напуштија своите домови од 7 октомври.

Министерот за надворешни работи на Либан, Абдулах Бу Хабиб, проценува дека бројот на раселени лица во Либан се приближува до „половина милион“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот