ВИДEО: Израел нападнат со 30 ракети истрелани од Либан

Фото: Твитер

Ракети се истрелани попладнево од јужен Либан кон Израел, а најмалку една беше пресретната од системот за противвоздушна одбрана „Железна купола“, соопшти израелската армија.

Израелскиот јавен сервис Кан објави дека според првичните проценки, 30 ракети биле истрелани од Либан кон северот на Израел, а пет паднале на израелска територија. Останатите биле пресретнати. Тоа е најголемиот напад врз северен Израел од војната во 2006 година.

Никој не презеде одговорност за ракетирањето.

На истрелувањето на ракетите му претходеше предупредување од либанскиот проирански Хезболах дека ќе ги поддржи „сите мерки“ на палестинските организации против Израел по конфликтот на верниците со израелската полиција во џамијата Ал Акса на Брдото на храмот во Ерусалим.

Ракетниот напад се случи во време на зголемени тензии по ракетниот истрел на југот на Израел од Појасот Газа, судирите во џамијата Ал Акса во текот на ноќта меѓу средата и четвртокот и повторно доцна синоќа, и соборувањето на беспилотно летало за кое постои сомневање дека е иранско, а долетало од правец на Сирија на почетокот на оваа недела.

Сирени за предупредување за проектили се огласија во населбите Бецет и Шломи во областа Западна Галилеја, во близина на границата со Либан. Набргу потоа се слушнаа сирени и во другите населени места во тоа подрачје, а на интернет беше објавена снимка од трага од чад од ракетните пресретнувачи кои ги истрела „Железната купола“.

Едно лице се здобило со полесни повреди од шрапнели.

Израелските медиуми наведуваат дека постои можност ракетите од Либан да биле истрелани од палестински организации со седиште во таа земја, но малку е веројатно дека тоа би го направиле без премолченото одобрение на Хезболах, кој го контролира јужниот дел на Либан.

„Хезболах силно го осудува нападот на израелските окупаторски сили врз џамијата Ал Акса и нападите врз верниците“, соопшти Хезболах.

Таа шиитската организација прокламираше целосна солидарност со палестинскиот народ и групите на отпорот и вети дека ќе ги поддржи сите мерки за заштита на верниците и спречување на продолжување на непријателските напади.

Стравувањата од ескалација на насилството се зголемија откако израелската полиција се судри со Палестинците во џамијата Ал Акса, третата најважна џамија во исламот.

Нови немири меѓу Палестинците и израелската полиција во џамијата Ал Акса

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот