ВИДЕО: Израел го нападна Јемен

Израел го нападна Јемен / Фото: Твитер, принтскрин

Израелска армија: Ова е одговор на неодамнешните напади на Хутите

Израелската армија потврди дека нападнала воени цели на Хутите во областите Рас Иса и Ходеида во Јемен.

„Израелските воздухопловни сили нападнаа цели на терористите на Хутите во Јемен – на 1.800 километри од Израел.“, се вели во соопштението на ИД.

Меѓу целите беа електрани и морско пристаниште што се користи за увоз на нафта, што Хутите го користат за пренесување иранско оружје во регионот, заедно со воени резерви и нафта. Нападите беа извршени како одговор на неодамнешните напади на Хутите врз Израел.

„Во текот на изминатата година, Хутите дејствуваа под водство на Иран и во соработка со ирачките милиции за да ја нападнат државата Израел, да ја поткопаат регионалната стабилност и да ја попречат глобалната слобода на навигација. ИД е решена да продолжи да дејствува на која било далечина – блиску или далеку – против сите закани за граѓаните на државата Израел“, пишува ИД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот