ВИДЕО | „Ист гејт мол“ се отвора на крајот на октомври

Игор Давков
Игор Давков, менаџер на „Скопје ист гејт“ / Фото: Скриншот, Јутјуб

Градежните работи во трговскиот центар „Скопје ист гејт“ привршуваат, и многу наскоро се очекува негово свечено пуштање во употреба. Ова денеска со „Утрински брифинг“ го изјави главниот извршен директор на трговскиот, Игор Давков.

– Отворањето на трговскиот центар ќе биде на 29 октомври. Ние како трговски центар, најголемиот дел од градежните работи веќе ги завршивме. Сега останува во наредните 30 дена закупците да ги завршат активностите во нивните локали, рече Давков.

Отворањето на трговскиот во услови на пандемија за менаџментот не претставува причина за страв од неуспех, ниту пак  причина за страв од ширење на ковид вирусот.

– И во услови на пандемија трговските центри функционираат. Ние сме среќни што има јасни протоколи кои укажуваат на тоа како посетителите можат да пристапат во трговскиот центар. Дополнително, ние правиме напори да воспоставиме систем каде  што самата валидација на ковид сертификатите ќе биде реална. За таа цел купуваме апликација која во реално време, врз основа на интернет валидација, проверува дали сертификатот кој што го презентира посетителот е валиден, објаснува Давков.

Неговите очекувања се дека „Скопје ист гејт“ ќе вработи околу 2500 луѓе,  а ќе има годишен приход од околу 120 милиони евра.

– 58 000 метри квадратни е нето површината за изнајмување, со тоа ние се позиционираме во еден од најголемите трговски центри во регионот, од рангот на „Белградска галерија“ и „Парадајс“ во Софија. Самата големина и миксот на закупци дава квалитет кој ќе придонесе за привлекување на посетители и од регионот, а со тоа ќе даде придонесе и во зголемување на економијата во државата. Таргет ќе ни бидат и патниците кои транзитираат по рутата Е75. Трговскиот центар ќе креира околу 2500 нови вработувања, рече Давков.

Во трговскиот ќе има 40 нови брендови кои за првпат влегуваат на територијата на Македонија. Ги исполнува сите стандарди за евакуација на посетители. Има два главни влеза за пешаци и подземна гаража со четири влеза и три излеза, како и осум евакуациони скалишни јадра. Трговскиот е на две нивоа, а содржините за забава се на вториот кат. Ќе има кино со осум сали, од брендот Синеплекс, фитнес центар, и игротека на површина од 700 М2. Очекувањата се дека трговскиот ќе има 120 милиони евра годишен приход.

Проследете го вклучувањето во живо од „Скопје ист гејт“:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот