ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Весна Дамчевска: Секое намалување на данокот ќе предизвика економски турбуленции и би било краткотрајно

Весна Дамчевска, уредник во Слободен печат/Фото: Слободен печат

Економскиот новинар и аналитичар Весна Дамчевска во интервју за „Слободен печат“ смета дека Македонија има најнизок данок во регионот, и секое намалување за кое говори ВМРО-ДПМНЕ е гол популизам и според неа тоа нема да може да опстои.

Дури и да го воведат тоа би траело многу кратко и би направило поголема турбуленција одошто да постигне некаква економска цел, вели Дамчевска.

„Прогресивниот данок за кој на почетокот се залагаше СДСМ како услов за враќање на средната класа е можеби најправеден за нас, но Владата се откажа од него од причини што општеството или поточно бизнис заедницата не беше подготвена за тоа“.

Сивата економија е голема ставка која според Владата зафаќа околу 30 до 40 проценти од БДП. Пооптимистичко сценарио има Институтот за економски политики Фајнас тинк според чие истражување сивата економија е околу 25 проценти од БДП, нагласува Дамчевска.

Целото интервју погледнете го тука:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот